Во 53 контролирани објекти изречени 37 прекршоци

МВР во рамките на законските ингеренции и редовното работење, а согласно годишните и месечните планови за работа изминативе денови, во координација со други надлежни државни институции и инспекторати, реализираше низа контроли во угостителски објекти на територијата на целата држава.

Контролите беа спроведени во 53 објекти при што полицијата постапуваше согласно Законот за заштита од пушење, Законот за прекршоци против ЈРМ, Законот за лична карта и Кривичниот законик на РМ.

Од досега спроведените контроли констатирани се : 22 прекршоци по Законот за заштита од пушење, за што на 22 лица им се издадени платни налози за наплата на глоба; 14 прекршоци за неносење лична карта, односно документ за идентификација по Законот за лична карта еден прекршок за постапување спротивно на наредба на надлежен државен орган или на ОСЛ на државен орган за забрана да пристапи или да се задржи на одредено место, по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.