Заеднички контроли – МВР, УЈП, Државен Пазарен инспекторат

Во рамките на редовните инспекциски контроли на МВР, УЈП и Државниот пазарен инспекторат, во изминатите три дена УЈП спроведе даночни контроли во 53 објекти од кои во 29 утврдени се неправилности во делот на фискализацијата.

КУМАНОВО, ЛИПКОВО И ОПАЈЕ – 11 даночни контроли, од кои во 9 се утврдени неправилности

СКОПЈЕ (Центар и Чаир) – 10 даночни контроли, од кои во 7 се утврдени неправилности

СТРУГА – 8 даночни контроли, од кои во 1 е утврдена неправилност

РАДОВИШ – 6 даночни контроли, од кои во сите објекти нема утврдено неправилност

СКОПЈЕ (Сарај и Кондово) – 8 даночни контроли, од кои во 4 се утврдени неправилности

ТЕТОВО – 10 даночни контроли, од кои во 8 се утврдени неправилности

Координираните контроли на трите институции кои се спроведуваат неколку пати во годината на целата територија на Македонија се насочени пред се кон ризични обврзници кај кој пазарниот инспекторат има сознанија дека не се почитува законот за пушење и не се почитува работното време, а УЈП во делот на регистрирањето на готовинскиот промет.

Со цел легитимирање на ризичните обврзници, на пазарниот и даночниот инспекторат асистира и МВР кои имаат законски овластувања за идентификување на лица.