На собранието на Европските Зелени што од 7 до 9 ноември се одржува во Истанбул учествува делегација од ДОМ во состав: Лилјана Поповска, претседателка на партијата, Маја Морачанин, претседателка на Форумот на жени и Симона Сарделиќ и Антонио Јовановски, претседателка и потпретседател на Младинската организација на ДОМ.
Во фокусот на оваа средба се демократијата, невработеноста на младите во Европа, енергетската безбедност и климатските промени во пресрет на Самитот во Париз, идната година.
Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска уште на првата сесија на групата за климатски промени извести за конференцијата на балканските зелени партии „ЕКОЛОШКА БЕЗБЕДНОСТ ЗА БАЛКАНОТ – СПРЕМЕН ОДГОВОР ЗА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ“ организирана во октомври од ДОМ со поддршка од Балканската мрежа, со 10 партии и 250 учесници од 9 земји. Информираше за темите, заклучоците, но и за отвореноста на балканските зелени за заедничко дејствување во овој често пати турбулентен регион.
На Собранието ќе се избира и нов генерален секретар, а меѓу кандидатите единствен претставник од Балканот е Борјана Хрисимова од Бугарските Зелени.