Денови на македонското културно наследство во Баку, Азербејџан

Од 9-11 ноември во главниот град на Азербејџан – Баку и во градот- културната ризница – Агсу, ќе се одржат „Деновите на Mакедонското културно наследство“.

Централно место на манифестацијата ќе заземе настапот на Културно Уметничкото Друштво „Дримкол“ од Вевчани, кои ќе настапат со целовечерна програма , а при што ќе се презентираат традиционални песни и ора, носии и обичаи на Р.Македонија.

Во рамките на оваа манифестација проф. д-р Рубин Земон, претседател на научниот совет на Институтот за социо-културна антропологија на Македонија ќе одржи предавање за богатото мултикултирно наследство на Македонија, попратено со прикажување на неколку документарни етнолошки филмови.

Исто така ќе биде поставена и изложба на современи фотографии од културно наследство на Македонија, изготвени во соработка со Центарот за научни истражувања и промоција на културата „ХАЕМУС“ од Скопје, предводена од м-р Василка Димитровска.

Организатор и домаќин на манифестацијата „Денови на Македонското културно наследство во Азербејџан“ ќе биде Организацијата за подршка и истражување на културно наследство „МИРАС“ од Баку, Азеребеџан, предводена од проф. д-р Фариз Кхалили.

Деновите на Македонското културно наследство се поддржани од Министерството за култура на Р.Македонија.