Во септември издадени се 264 одобренија за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2014 се издадени 264 одобренија за градење што е за 118.2% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 939 191 илјади денари што е за 22.1% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 176 (66.7%) се наменети за објекти од високоградба, 29 (11.0%) за објекти од нискоградба и 59 (22.3%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 264 објекти, на 198 (75.0%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 66 објекти (25.0%) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 448 станови, со вкупна корисна површина од 38 500 м2.