44-то издание на Златен Гонг за Кристијан Демај од Албанија

За првпат боксер од Албанија, Кристијан Демај победи на боксерската ревија златен гонг. Демај го освои 44-тото издание откако во категоријата до 91кг три пати го испрати во нокдаун нашиот репрезентативец Илчо Јоноски. Вториот фаворит Џошуа Буатси од Англија во средна категорија го нокаутираше Димитар Ташков и се закити со признанието најдобар техничар. Единствениот македонец кој победи во финале е Амет Еминовиќ кој го совлада Романецот Михаи во категоријата до 60кг.

Македонија се претстави со 7 боксери. Најуспешен странски боксер е Радослав Пантелеев. На програмата беа вкупно 14 финални борби а триумфираа и Бугарите Банабаков, Димитров, и Стефанов, Албанците Бегеречи и Сора, Црногорецот Саботиќ, претставникот на Босна и Херцеговина Кучук и англиските боксери Харви и Есуман.