Продолжуваат бесплатните курсеви и практичната настава за идните мајки во Црвениот крст

Поради пројавената заинтересираност за Проектот МАЈКИ, Црвен крст Охрид ги информира идните мајки од Охрид дека бесплатните курсеви и практичната настава водена од врвни специјалисти од повеќе области, продолжуваат и во наредниот период.

Курсевите се одвиваат во просториите на Црвен крст Охрид, траат пет дена по три часа, а опфаќаат едукација на идните мајки во однос на бременоста, правилното доење, исхрана и повивање, вакцинација и давање прва помош. Сите кои го посетуваат курсот бесплатно добиваат и прирачници за правилно и успешно доење и навремена и дополнителна исхрана кај доенчињата.

Заинтересираните да се пријават во Црвен крст Охрид, на телефонот 046 262 706 или е-маил: ohrid@redcross.org.mk, најдоцна до 18-ти ноември 2014 година.