Контроли во угостителски објекти во повеќе градови во државата

Изминативе неколку дена беа извршени контрола во 20 угостителски објекти (осум на подрачјето на Гостивар и 12 во Велес) при што пет објекти се пломбирани, на еден угостителски објект изречена му е забрана за вршење дејност. издадени се два прекршока на физички лица за пушење, еден прекршок на правно лице по закон за пушење, а евидентирано е и едно кривично дело по член 204 (точење алкохол на малолетници, изречени се шест глоби за парична казна од УЈП и една глоба од ДПИ).

Покрај ова вакви акциски констроли спроведени се и на подрачјето на Дебар и Битола. Во Дебар од петте планирани објекти два не работеле, и не се регистрирсани никакви прекршоци. Во Битола, пак, контролирани се осум угостителски објекти и во два констатирани се прекршоци по закон за пушење на физички лица и на правно лице по истиот закон.

На подрачјето на Скопје извршени се контроли во вкупно 18 угостителски објекти (шест во Драчево и еден во Аеродром), како и контроли во Кочани – осум угостителски објекти и во Виница – три објекти. Притоа констатирани се четири прекршоци- за физички лица по Закон за пушење ( три во скопски Аеродром и еден во Кочани) како и еден прекршок од делот на фискализација- УЈП во Кочани. Исто така беа планирани и контроли во шест угостителски објекти во село Студеничани, скопско – но истите биле претходно затворени.