ЛДП: Субрата Рој е само една демаскирана лага од многуте на оваа власт

ОО на ЛДП Охрид, денес одржа прес-конференција, на тема „Контраверзиите околу случајот Субрата“, на која зборуваше советникот од ЛДП Охрид, Дејан Блажески.

„ЛДП изразува жалење заради огромното фијаско на проектот Субрата, со кој Премиерот и нeговите министри на крајно несериозен  начин си поиграа со граѓаните, сервирајќи им успешна приказна  на еден од најпримитивните начини, потикнувајќи ја  лажната надеж во оваа сериозно осиромашена земја.

Имено, Субрата Рој е само една демаскирана лага од многуте на оваа власт. Портокаловата галантонскабелосветска измама резултираше со очекуваниот епилог. Нити трага од најавената  инвестиција во земјоделството вредна 211 милиони евра, односно договорот потпишан со Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство со  компанијата на индискиот бизнисмен Субрата Рој. Нити  8.000 грла крави, а за три години 20.000 крави. Нити млекарница, со дневно  произведство од 80.000 литри млеко. Нити вработување на 900 лица во првите 18 месеци, а во рок од 3 години бројот на вработени да достигне 2.000 вработени, на земјиште  кое  со договорот склучен лани во јули му беше доделено под концесија во рок од 15 години, а за закупот ќе го чинеше 121.000 евра годишно.

Уште повеќе изненадува дрскоста на министерот за финансии  кој после ваквиот дебакал на проектот кратко и по принципот не сум од овде  изјави дека – банарската гаранција на бизнисменот Субарата Рој е активирана во согласност со законите кои важат за сите инвеститори .“- истакна Блажески и додаде:

„ЛДП го прашува Ставрески дали во согласност со законите е да се префираат инвеститори и дали третманот и условите кои му ги даде Владата  на Рој се идентични со оние кои важат за македонските инвеститори, кои макотрпно го полнат Буџетот за Ставрески и Груевски да си дозволуваат екскурзии и државнички да пречекуваат белосветски затвореници?  Истовремено, го прашуваме министерот дали  е во согласност со законите е да се раскрчмува црковниот имот,  имотот на граѓаните и имотот на државата игнорирајќи ги укажувањата на екологистите, експертите и заедницата.

ЛДП ги прашува Премиерот и Министерот Ставрески дали трите милиони евра кои треба да се платат како  резултат на неисполнување на обврските  може да ја платат довербата на граѓаните кои не само што беа очевидци, туку   беа принудени да бидат директни статисти во циркусот Субрата, дочекан со аплаузи и прегратки   на начин на  кој што  се дочекуваат  високи државници?

ЛДП го прашува министерот Ставрески дали е  во согласност со законите, моралот и пристојноста  на еден светски шаралатан и затвореник најдобро друштво да му биде владината врхушка?

ЛДП бара неотповиклива оставка од Премиерот проследена со едно големо извунување кон граѓаните за лажната надежна и голготата на луѓето кои имаа имот во Љубаниште, за фестивалите и дочеците со нивните пари, за аплаузите на Охридско лето кон еден светски криминалец, за притисокот кон црковните лица како и за субвенциите кои планираа да му ги дадат на сметка на земјоделците- кои ги добиваат нередовно и селективно.

Имајќи предвивд дека во една сериозна земја ваквите дејствувања имаат правни импликации, бараме од Премиерот во согласно со законите да понесе правна   одговорност, без да се крие позади   скандалозно соопштение кое ги понижува граѓаните во кое вели дека тој никогаш не рекол дека Субрата ќе инвестира или нема да инвестира, или пак да се одважи и да  одговори дали Субрата Рој, кој своевремено изјави дека Македонија ја избрал да инсвестира  заради тоа што е земја без корупција, веројатно  после  она што го доживеал овде, заклучил дека и за еден измамник и затвореник како него  сето ова што се случува  е  премногу?“-заврши Блажески.