Се поставуваат нови улични светилки во централното градско подрачје

Согласно годишната програма за работа во делот на јавното улично осветлување екипи од Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид во текот на денешниот ден поставија столбови за улично осветлување на улицата “Македонски просветители“.

Едниот столб за јавното улично осветлување е поставен пред зградата на Основниот суд а другиот пред маркетот “Тинекс“ во непосредна близина ка кружниот тек кај градскиот плоштад.

Со новите улични светла ќе се подобри јавното осветлување по што се очекува да се зголеми нивото на безбедност како за сите учесници во сообраќајот така и за граѓаните што гравитираат во овој дел од Охрид.

Акцијата за поставување нови улични светла трае веќе извесен период и со засилена динамика ќе продолжи и во наредниот период.

Novi_ulicni_4852