ВМРО-НП: ДПМНЕ го уништи ЕМО

ВМРО – Народна партија испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„ВМРО – Народна партија целосно ги разбира и ги поддржува вработените во некогашниот гигант ЕМО. Целосно застануваме зад нивна страна и ги поддржуваме во сите нивни барања.

Работниците на ЕМО многу добро се сеќаваат дека во времето кога премиер на Република Македонија беше Љубчо Георгиевски, ЕМО беше втора фирма по обрт на средства во државата, претставуваше симбол на Охрид и секаде во светот беше позната со над 2.500 вработени. Тогашниот премиер, Љубчо Георгиевски, кога државата имаше потреба и даваше работа на ЕМО, а не ангажираше странски фирми како што е практика денес.

За жал, властите кој дојдоа по заминувањето од премиерската функција на господинот Љубчо Георгиевски, а особено ВМРО–ДПМНЕ ја уништија една од најголемите фабрики. Денес, власта на ова ВМРО–ДПМНЕ, го уништи охридскиот гигант ЕМО и оние малку останати работници се оставени на милост и на немилост без плати и здравствена заштита.

Апелираме, локалните власти, посебно градоначалникот Бакрачески да се заложи за решавање на статусот на фабриката и на работниците. Имајќи во предвид дека Бакрачески е член во Извршниот комитет на ДПМНЕ, може да влијае и да побара да се реши овој проблем кој ги засега над 200 негови сограѓани.“ – стои во соопштението од ВМРО – Народна партија.