Потпишани протоколи за соработка меѓу македонското и унгарското МВР

Вчера (11.11.) во Брдо кај Крањ, Република Словенија, делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од заменик министерот за внатрешни работи Земри Ќамили учествуваше на 12-от состанок на Комитетот на министри на КПС ЈИЕ (Конвенција за полициска соработка во Југоисточна Европа). На состанокот беше разговарано за натамошната имплементација на Конвенцијата како и за активностите во пресрет на десетгодишнината од донесувањето на Конвенцијата за полициска соработка.

На билатерална основа, настанот беше искористен за склучување на Протоколот помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи на Унгарија за соработка во борбата против нелегалната трговија со наркотични дроги, психотропни суспстанци и прекурсори, како и за потпишување на Протоколот за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи на Унгарија за безбедносни прашања при поголеми јавни настани, што го потпишаа заминик министерот Ќамили со заминик државниот секретар на унгарското МВР г-ѓа Кристина Берта.

Овие меѓународни акти се имплементациски обврски од Конвенцијата за полициска соработка и значително ќе допринесат во борбата против нарушувањето на јавниот ред, како и успешното делување на двете министерства против активностите поврзани со нелегална трговија со наркотични дроги.