Закажани датумите за полагање на испити за добивање сертификат за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај

Соглaсно член 8б од Законот за превоз во патниот сообраќај (Службен весник на РМ број 68/04, 127/06,114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14 и 112/14) и член 4 од Правилникот за начинот, постапката и програмата за полагање на испит за добивање на сертификат за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот (Службен весник на РМ бр. 39/07,4/08, 20/09, 149/09, 88/12 и 127/14), Министертвото за транспорт и врски закажува датуми за полагање на испити на испитот за добивање сертификат за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај на: 14 ноември 2014 година во 17 часот, 21 ноември 2014 година во 17 часот, 28 ноември 2014 година во 17 часот и 3 декември 2014 година во 17 часот.

Соглaсно член 8-а од Законот за превоз во патниот сообраќај (Службен весник на Република Македонија број 68/04,127/06,114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14 и 112/14) и член 4 од Правилникот за начинот, постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за професионална компетентност на управителот или од него овластено лице одговорно за превоз, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот за професионална компетентност, (Службен весник на Република Македонија бр.39/07, 4/08, 20/09, 149/09, 90/12 и 134/14), Министерството за транспорт и врски закажува испити за полагање на испитот за добивање сертификат за професионална компетентност на управителот или овластеното лице одговорно за превоз на: 21 ноември 2014 година во 18 часот и 3 декември 2014 година во 18 часот.

Пријавувањето за полагање на испитот се врши со поднесување пријава до архивата на Министерството за транспорт и врски. Испитите ќе се одржуваат на Градежен факултет во Скопје.