НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, во понеделник (17-ти ноември) ќе организира сеќавање во чест на Миодраг Павловиќ, добитник на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата во 1970 година.
Миодраг Павловиќ е роден во Нови Сад. И покрај тоа што завршил медицински факултет во Белград, најголем дел од својот работен век поминал во културата. Бил директор на белградското Народно позориште и уредник во издавачката куќа „Просвета“. Член е на Српската Академија на Науки и Уметности.
Творечкото дело на Павловиќ е богато и разновидно: поезија, проза, драми и патеписи, тој е познат антологичар и преведувач. Преведуван е на многу јазици меѓу кои и на македонски јазик.
Културната активност во чест на Миодраг Павловиќ ќе започне во 12 часот во Библиотеката во Прличевата одаја.