Писателот Тоде Илиевски на дружба со ученици од ОУ „Христо Узунов“

За време на посетата на градската библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, третоодделенците од ОУ „Христо Узунов“ , воодушевени посебно од збирката книги од роднокајните писатели изразија желба да се запознаат со некој од нив, на што вработените од библиотеката и писателот Тоде Илиевски им излегоа во пресрет, ја исполнија нивната желба и денес, писателот беше гостин во Основното улилиште „Христо Узунов“, меѓу малечките читатели.

TretooddelenciHristoUzunov03

Во една весела, пријатна атмосфера, децата се запознаа со некои автобиографски податоци за авторот и некои од објавените дела на Тоде Илиевски наменети за најмладата читателска публика. Писателот читаше свои творби и одговараше на прашања, кои љубопитните ученици му ги поставуваа.

Многу прашања останаа и неодговорени, но Илиевски вети повторна средба со децата и уште многу нови книги наменети за нив.

TretooddelenciHristoUzunov01