Производи во шумарството, сеча на дрва и услуги

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2014 година, во однос на третото тримесечје од 2013 година, е намалено за 6.6%.

Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови, рудничкото дрво од иглолисни видови, другото обло дрво од иглолисни видови, просторното дрво од иглолисни и кај огревното дрво од листопадни видови.

Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од листопадни видови, рудничкото дрво од листопадни видови, другото обло дрво од листопадни видови и кај огревното дрво од иглолисни видови.