Една златна, една сребрена и две бронзени медали за охридските стрелци на Меѓународниот Турнир во гаѓање со воздушно оружје, што се одржа од 14-16.11.2014 год. во Благоевград, Република Бугарија.
Во конкуренција на јуниорки прво место за Нина Балабан со резултат од 404,2 кругови. Во конкуренција на млади јуниорки, до 15 години, Јана Маркоска се пласира на втората позиција со резултат од 388 кругови, што воедно претставува и нејзин нов личен рекорд.
Третата позиција во категорија на јуниори и јуниорки им припадна на Мартин Гоџоски (572,4) и Ангела Алексовска (384,2).