Ќе се служи сеноќно бдение по повод празникот „Свети Нектариј Егински чодотворец“

Парохискиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско од Охрид, ги известува своите православни верници дека на 21 ноември (петок), вечерта ќе се служи сеноќно бдение, по повод празникот на „Свети Нектариј Егински чодотворец“, со почеток во 23:00 часот.

По тој повод црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско, ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.