Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги известува сите осигуреници дека од 20 ноември 2014 година, заверка на потврди за отопедаски помагала кои до сега се вршеа во подрачната служба во центар, ќе се вршат и на истурените шалтери на ФЗОМ во поликлиниките во Ѓорче Петров, Ченто, Драчево, Чаир, Шуто Оризари и истурениот шалтер во општина Илинден. Работно време на истурените шалтери е секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот.
Правото на осигуреникот за заверка на одредено ортопедско помагало, според критериуми дефинирани во Правилникот за ортопедски помагала, отсега ќе го добиваат и на истурените шалтери за сите ортопедски помагала, освен за оние за кои треба да имаат мислење од лекарските комисии.
Ортопедски помагала за кои е потребно мислење од лекарската комисија се инвалидски колички, протези, одредени ортози, колостоми, илеостом, уростоми, поправки на помагалата, заверка пред истек на рок на ново помагало и пелени за прв пат во тек една година. За сите останати ортопедски помагала заверка ке може да се врши и на истурените шалтери. ФЗОМ спроведе и обуки на вработените за да може да ги овозможат новите услуги.
Со новите услуги на истурените шалтери, Фондот овозможува за осигурениците, од една страна да се растовари метежот во скопската подрачна служба, а од друга страна да се скрати непотребното губење на време на фирми и на жители кои патуваат од наведените локации до центарот на градот, за да ги остварат правата областа на здравственото осигурување. Фондот за здравствено осигурување на Македонија посветено работи да биде поблизок до своите осигуреници и да им овозможува полесно остварување на своите права.