Од 18 до 20 ноември 2014 година во Охрид, во соработка со Светската Организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ), Агенцијата за храна и ветеринарство беше домаќин на Регионалниот Семинар за националните контакт точки за ветеринарни препарати. Семинарот го отвори директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски кој пред претставниците на 32 земји од регионот и од Европската Унија, 8 предавачи од светски рамки и претставници од седиштето на Светската Организација за здравствена заштита на животните од Париз, и регионалните канцеларии во Софија и Брисел го истакна заначењето на ваквите настани како основ за унапредување на политиките и законодавството од областа на ветеринарно медицински препарати, размена на искуства помеѓу земјите учеснички како и договарање на идни активности кои ќе се преземаат во претстојниот период.
„Во период од 2010 година до 2014, Република Македонија односно Агенцијата за храна ветеринарство има постигнато значителен напредок на ова поле со донесување на Законот за ветеринарно медицински препарати во 2010 година и последователно донесувањето на подзаконските акти кои ја детално ја уредуваат оваа област. Законодавството на Република Македонија од областа на ветеринарно медицинските препарати е целосно усогласено со законодавството на ЕУ и со најновите препораки и стандарди на ОИЕ “– истакна тој.
„Агенцијата за храна и ветеринарство како надлежна институција за контрола на употребата на ветеринарно-медицински препарати во Република Македонија е основана на 1 јануари, 2011 година и функционира врз основа на интегрираниот пристап за заштита на здравјето на животните, безбедноста на храната и добиточната храна во Република Македонија.Наш приоритет е да се постигне усогласеност во третманот на животните, заштита на нивното здравје, а следствено на тоа заштита на здравјето на луѓето и јавното здравство “– додаде директорот Поповски во обраќањето..
Република Македонија ќе продолжи, потенцира тој, со активно учество на активностите во оваа област кои се преземаат под иницијатива на ОИЕ.