Женската ракометна екипа „Моби Дик“ од Охрид како подарок доби спортска опрема за ракометарките. Откако пред неколку седмици, започнаа одлична соработка сосрпската екипа ЖРК „Радан“ од Лебане кои гостуваа во Охрид, управата на клубот пред неколку денови на охриѓанки им подари тренерки за сите ракометарки и за стручниот тим.
„Немаме зборови како да им се заблагодариме на нашите пријатели од Србија. Навистина многу пријатно не изненадија и не знаеме како ќе им се оддолжиме. Колку за информација, Лебане е мал град во Србија со околу 15.000 жители. Значи, кај нас во Охрид, град кој брои околу 60.000 жители, барем според последниот направен попис, и покрај толку фирми не се најде ниту еден да донира спортска опрема за девојчињата, а тоа го направија пријателите од Србија. Огромна благодарност до ЖРК „Радан“ и посебно до претседателот Зоран Станковиќ, кој е голем спортски работник“. – велат од охридскиот „Моби Дик“.
Пред неколку седмици, во Охрид престојуваат ракометарките на „Радан“ од Србија што претставуваше почеток на една одлична соработка на двата клуба. Охриѓанки планирано е во текот на пролетниот дел од сезоната да возвратат на посетата и да гостуваат во Лебане, Србија.