Обид за убиство во Скопје – Две лица прободени со нож

На 23.11.2014 година околу 00,30 часот во Скопје, на бул.„АСНОМ“ во близина на зграда бр.25, 3-4 засега непознати лица извршиле убиство во обид над Д.Б.(23) и С.Р.(22), на тој начин што едно од нив им нанело неколку убоди со нож во пределот на телата. Д.Б. е во шок соба и се наоѓа во критична состојба.СВР-Скопје презема мерки за пронаоѓање на лицата.