Поради постоење основи на сомнение за сторени вкупно осум кривични дела кражба и тешка кражба, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против В.Ш.(20) од струшкото село Делогожди.
Во селото, пријавениот во периодот од мај до ноември оваа година, извршил две кражби и шест тешки кражби. Во куќите влегувал откако ќе ги забележел сопствениците како заминуваат на работа, се качувал на терасите и насилно ги отворал балконските врати. Знаејќи дека во куќите нема никој или дека сопствениците се во странство, пријавениот ги оштетувал решетките од прозорците на приземјето, го кршел стаклото и влегувал, ги пребарувал собите и одземал пари, златен накит како и други вредни предмети.
Пријавениот В.Ш. одземениот златен накит го продавал во неколку златари низ Струга по што парите ги трошел во казина и за свои лични потреби.
Од извршените кражби и тешки кражби, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од околу 500.000,оо денари.