Се санира и расчистува коритото на реката кај Средоречие

Поради тоа што постоечката состојба на речното корито во потегот на селото Средоречие е доста тесно и плитко и обраснато со ниска и висока вегетација и делумно заполнета со наноси, деновиве сe спроведува акција за санација и расчистување на коритото на реката кај Средоречие.

 10819008_10202022687967684_290059403_nНа овој дел од коритото се врши машинско отстранување на вегетацијата (капини и други нискостеблести и високостеблести растенија).

10822138_10202022694127838_563623351_nМерките се спроведуваат за да се заштити селото и полето од евентуално поплавување заради пораст на нивото на водотекот во престојниот период.