Заменик претседателката на СДСМ Шекеринска се сретна со амбасадорот на Шпанија Рамон Абароа Каранза

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рамон Абароа Каранза, на којашто се разговараше за актуелната политичка ситуација и за назадувањето на земјата во европските интеграции.

Преку воспоставување целосна контрола врз медиумите, затворање и казнување на критичките медиуми и тоталната контрола врз институциите на системот, оваа власт покажа дека унапредувањето на демократските процеси во земјата и европските интеграции не се нејзин приоритет, посочи заменик претседателката Шекеринска.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, како најголема опозициска партија има обврска кон граѓаните на Р.Македонија да ја врати функционалноста на институциите. Затоа инсистираме на разговори за сите 5 теми што треба да овозможат нормализирање на државата и обезбедување услови за фер и демократски избори, рече заменик претседателката Шекеринска.