Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941 – 1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, по повод 29 Ноември ќе организира трибина на тема „Улогата и значењето на АВНОЈ во создавањето на македонската држава“. За овој значаен настан ќе зборува Наце Иваноски професор по историја.
Трибината ќе се одржи утре, 28 Ноември (петок) во просториите на Организацијата (Барака „Гранит“), со почеток во 11:00 часот.