Превенција од срцеви заболувања, бубрежни заболувања и дијабетес

Почетокот на 2014 година се воведоа нови превентивни мерки и активности кај матичните лекари. Оваа договорена активност со Фондот за здравствено осигурување како проект на Владата на Р. Македонија, матичните лекари, за првите шест месеци од 2014 година ја спроведе на 325.000 лица. Фондот во името на своите осигуреници е благодарен на матичните лекари, кои кај здравата популација открија:

– ризик од срцеви заболувања кај 55.000 лица,

– ризик од дијабетес и дијабетес кај 45.000 лица,

– ризик од бубрежни заболувања кај 12.000 лица.

Сакаме да напоменеме дека овие бројки се однесуваат само за првата половина од 2014 година, а оваа активност за превентивен скрининг треба да се заокружи на крајот на 2015 година. Со рано откривање на овие болестиздравствените работници и фондот спречија: ампутации кај дијабетично стапало, слепило предизвикано од дијабетес, спречување на мозочни и срцеви удари, компликации од мозочни и срцеви удари како што се губење на од и говор, одземеност на екстремитети, генерална инвалидност, се одложува дијализа кај бубрежно болните и се спречува предвремена смрт.

За сите овие пациенти каде се навремено откриени овие болести, главната терапија е сведува на неколку основни постулати, а тоа се:

– Здрава исрана, редовна физичка активност,

– здрави навики,

– почитување на препораките на докторите.Адреса: Македонија бб, 1000 Скопје

Тел.: 02 3289 000

ИНФО ЛИНИЈА 0800 33 222
(БЕСПЛАТНА)

Е-пошта: info@fzo.org.mk

Web: www.fzo.org.mk

Овој проект покрај навременото откривање на овие 3 заболувања има за цел да се спроведе и здравствена статистика кај осигурениците од 14-65 годишна возраст. Податоците кои за прв пат се објавуваат се поразителни посебно кај младата популација. Од 14-24 годишна возраст 27,1 % (30.000) се пушачи (меѓународно 22% и секоја година се намалува) , 0,1% се корисници на опојни дроги. Доколку овие навики не се прекинат, понатаму во животот ќе предизвикаат сериозно нарушување на здравјето и овие млади лица, ќе се најдат во црната статистика на хронични пациенти. Матичните лекари од 325.000 лица во првите 6 месеци евидентираахронични пациенти:

– 30.8% (100.000) лица со кардиоваскуларни заболувања,

– 4.7% (15.000) со нефролошки заболувања,

– 21% (68.000) со дијабетес.

Фондот преку матичните лекари, во соработка со здруженијата на лекари и пациенти, изработи посебни брошури- потсетници, наменети за овие хронични пациенти и на секој пациент при посетата покрај веќе постоечката терапија му се издава и овој потсетник каде се наведени периодичните прегледи кои пациентот мора да ги изврши со цел стопирање на прогресијата на болеста.

Фондот апелира до сите граѓани да се појават на закажаниот преглед кај матичниот лекар за спроведување на превенцијата, а во зависност од ризикот кој ќе се одреди, да ги следи напатствијата и ако треба да се извршат специјалистички прегледи да не одбиваат. Иако осигуреникот се чувствува релативно добро, подобро е тоа да биде потврдено од стручни лица , а не да остане само на лично мнение. Овој мега проект нема за цел статистичко евидентирање туку грижа, едукација на пациентите и навремено откривање на скриените заболувања. Лошата статистика нека има за цел да не поттикне сите нас да го извршиме овој превентивен преглед и во наредните 10 години да бидеме сигурни дека нема да бидеме црна бројка. Од Адреса: Македонија бб, 1000 Скопје

Тел.: 02 3289 000 ИНФО ЛИНИЈА 0800 33 222 (БЕСПЛАТНА) Е-пошта: info@fzo.org.mk
Web:  www.fzo.org.mk

325.000 лица на кои им е извршена превенцијата и е утврден ризик, доколку не се грижат за своето здравје и не ги слушаат советите на лекарите во наредните 10 години:

– На 9.000 лица ќе им откажебубрежната функција ( ќе завршат на дијализа) ,

– На 14.400 лица ќе развијат инсулино -зависен дијабетес,
– 2.000 лица предвремено ќе го завршат својот живот поради фатална кардиоваскуларна епизода (срцев и мозочен удар).