Поставена јавна библиотека кај Холандскиот парк

Унијата на млади сили на ВМРО -ДПМНЕ Охрид, денес во Холандскиот парк постави јавна библиотека во која граѓаните ќе можат слободно да оставаат или да земаат книги.

На поставувањето покрај членовите беше присутен и координаторот за петата изборна единица, Дејан Пандилески.

Претседателот на УМС на ВМРО – ДПМНЕ од Охрид, Илија Арнаудоски истакна дека оваа е одлична можност за сите граѓани да можат слободно да разменат книги со други љубители на книги.

Исто така Арнаудов испрати отворена покана до сите кои сакаат да присуствуваат на регионалната ораторска вечер која ќе сд одржи вечер, во просториите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, со почеток во 20:30 часот, каде ќе настапат говорници.