Со Вашиот глас WebOhrid нека биде „Сајт на годината 2014“!

Почитувани читатели и посетители на нашиот сајт!

Нашиот медиум WebOhrid благодарение и по заслуга на сите вас постои веќе полни 2 години. Вие нé следите секој ден и сите овие 730 денови и секојдневно сте тука за да можете да се информирате, да прочитате и да видите како ние Вам ви ги пренесуваме сите важни локални и светски настани. Сме го правеле тоа за вас и за вашата љубопитност и денес, поради тоа сме горди на вас и со тоа горди на постоењето на WebOhrid! Токму затоа денес имаме оправдано бел образ да ве поканеме и повикаме заедно да учествуваме во трката за „Сајт на годината 2014“, зашто вие почитувани сте дел од нашиот тим кој по ваши барања честопати ја разубавува и ја облагородува оваа страница.

И, конечно, да бидеме појасни-поефикасни: Ве повикуваме секој од вас да гласа за овој наш WebOhrid, за овој наш заеднички прозорец на вистината.

WebOhrid е номиниран во три категории: за „Најдобар сајт за 2014 година“, за Најдобар сајт според Дизајн и за Најдобар сајт за Вести и информации. Доколку сметате дека ова овде www.webohrid.com е вашиот најпопуларен електронски медиум, повелете заедно да го поткрепиме тоа со гласање на следниот линк: http://sajtnagodinata.mk.