Министерката Јанкулоска во Рим на конференција „ИПА 2013 Западен Балкан“

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска и утре во Рим, Италија, учествува на министерска конференција „ИПА 2013 Западен Балкан“, во организација на италијанското Министерство за внатрешни работи, а посветена на ИПА проектот „Борба против организираниот криминал – меѓународна соработка во казненото право“.

На маргините од конференцијата, министерката Јанкулоска имала средба со домаќинот на настанот, нејзиниот италијански колега Аџелино Алфано, на која се разговарало на повеќе теми од заеднички интерес.

Двајцата министри, соопшти денска МВР, ја оцениле досегашната соработка како исклучително квалитетна во духот на пријателството меѓу двете држави. На средбата, министрите за внатрешни работи го парафирале и Договорот за полициска соработка меѓу двете земји со кој што реално се отвораат нови перспективи во натамошното продлабочување и интензивирање на билатералната соработка.

Инаку, ИПА проектот како главна тема на конференцијата, треба да биде реализиран од страна на Италија, а негови корисници се земјите од западниот Балкан. Целта на проектот, вреден пет милиони евра, е превенција и борба против транснационалниот криминал и поврзани случаи на корупција со прекугранични импликации.