Трибина на тема „Стоп за насилството врз жените и девојчињата“

Локалниот совет на млади при општина Охрид организира трибина на тема: „Стоп за насилството врз жените и девојчињата“. Трибината ќе се одржи на 3 декември (среда), со почеток во 11:00 часот во малата сала на општина Охрид.

Свое обраќање на трибината ќе имаат: Ѓорѓи Тодороски, дипломиран педагог, Марија Тренева, доктор по општа медицина, како и Славица Костоска, директор на СОСУ „Св. Кирил и Методиј.“

„Со овој настан, Советот на млади се приклучува кон глобалната кампања: „16 дена активизам – да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата – сега“. Кампањата е насочена кон подигнување на јавната свет за различните форми на насилство врз жените и девојчињата и има за цел да упати на јавна дебата за потребата од третирање на овој голем проблем.“– вели Павел Донески, лице за односи со јавност на Локалниот совет на млади при општина Охрид.

Шеснаесете дена активизам траат до 10-ти декември, Светскиот ден на човековите права.