Најголем број слободни работни места има во преработувачката индустрија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2014 година, стапката на слободните работни места изнесува 1.58%. Највисока стапка на слободни работни места има секторот Ж -Транспорт и складирање и изнесува 3.31%, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација каде што изнесува 0.07%.

Деловните субјкети со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.28%. Вардарскиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.21%. Најголем број на слободни работни места, односно 1 871, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.