Со низа активности ќе се одбележи Денот на заштитникот на Охрид- Св.Климент Охридски

По повод 8-ми Декември, Денот на заштитникот на Охрид – Св. Климент Охридски, Општина Охрид организира пригодни свечности. Во целост ја пренесуваме годинешната програма:

4. декември 2014 (четврток)

18.00 часот Изложба на изработки од учениците на ОУ „Св. Климент Охридски“

Место: НУ Центар за култура „ Григор Прличев“

19.00 часот Свечена приредба по повод патрониот празник на ОУ „Св. Климент Охридски“

Место: НУ Центар за култура „ Григор Прличев“

5. декември 2014 (петок)

09.30 часот Атлетски крос под мотото „Во здраво тело – здрав дух “
Место: Кеј Македонија

18.00 часот Промоција на книгата „Златна лира“ од Пандора Јовановска- Илиевска

Место: НУ Библиотека „ Григор Прличев “

19.00 часот Изложба на ликовни творби на учениците од ОСУ„ Св. Климент Охридски“

Промоција на „ Збирка задачи во С++“ – Проект изработен од ученичката Исидора Јанева и проф.Жаклина Лазаревска

Место: НУ Центар за култура „ Григор Прличев“, мала сала

20.00 часот Свечена програма по повод патрониот празник на ОСУ „ Св. Климент Охридски“
Место: НУ Центар за култура „ Григор Прличев“

6. декември 2014 ( сабота)

19.00 часот Изложба на фотографии од членови на Facebookгрупата „Охрид – слики од минатото“
Место: Научен и уметнички центар „Куќа на Уранија“ МАНУ Охрид

 7. декември 2014 ( недела)

11.00 часот Промоција на книгата „ Охридски вистини – случки, приказни и факти од минатото“ од Илче Стојаноски

Место: НУ Центар за култура „ Григор Прличев“, изложбен салон

12.00 часот Децата за св.Климент – Хепенинг

Место: Градски плоштад „Св.Климент Охридски“

19.30 часот Tрадиционална изложба на Фото- клубот „ Охрид“ на тема: „Улична фотографија “, црно-бела техника

Место: НУ Завод и Музеј „Куќата на Робевци“

20.00 часот „Сите кон свети Климента“- групно поаѓање кон Светиклиментовата црква на Плаошник
Место: Градски плоштад „Св.Климент Охридски“

8. декември 2014 ( понеделник)

09.30 часот Поклонение пред моштите на св. Климент Охридски

Место: Светиклиментовата црква на Плаошник

10.30 часот Полагање свежо цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски

Место: ОУ„ Св. Климент Охридски“

11.15 часот Изложба на отпечатоци на уметнички дела од австралиски уметници – „Богатството на духот“ во организација на Амбасадата на Австралија во Белград

Место: НУ Центар за култура „ Григор Прличев“, изложбен салон

12.00 часот Полагање свежо цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски
Место: Градски плоштад

19.00 часот Изложба на дела од роднокрајни ликовни уметници
Место: НУ Центар за култура „ Григор Прличев“, галерија

19.30 часот СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА 

-Во чест на св. Климент Охридски – заштитникот на Охрид

Место: НУ Центар за култура „ Григор Прличев“.