Општина Дебрца се приклучи кон акцијата Ден на дрвото -Засади ја својата иднина која денес се спроведе во училишниот двор во с.Белчишта.
Градоначалникот Игор Трајкоски заедно со општинската администрација, директорот на училиштето, Иван Димоски, наставниците и учениците засадија дрвца, со што го разубавија училишиот двор.
Акцијата ден на дрвото -Засади ја својата иднина, е поддржана од Владата на Република Македонија со сите надлежни министерства, Заедницата на локалната самоуправа (ЗЕЛС), општините и ЈП „Македонски Шуми“.