Ќе се организира обука за основи на лозарство и енологија во Охрид

Во рамките на Проектот „Поттикнување на одржливи врски и развој на кластери во македонската туристичка индустрија“ кој Агенцијата за Индустриски Развој на Обединетите Нации (UNIDO) го имплементира заедно Охридскиот и Тиквешкиот Регион како и Министерството за Економија на РМ, Општина Охрид како партнер во Проектот Ве поканува да се пријавите за:

Обука за основи на лозарство и енологија (Обука за сомелиери) во Охрид

Цел на обуката е едукација на лицата кои се одговорни за производство на вино, селекција на виното во угостителските објекти, комбинација на виното со храна и протоколот на сервирање на виното.

Датум: 13 и 14 Декември (Сабота и Недела)

Време : 10:30 часот

Место на одржување: Ројал Вју ресторан, сала за состаноци

Обучувач: Стручниот тим на сомелиери од КАМНИК хотел и винарија

Пријавување: Обуката е наменета за винарии со производство од мал обем, винарии кои имаат ресторани во своите објекти и угостителски објекти од регионот на Охридското езеро, заинтересирани да обучат сомелиер како дел од својот тим. Бројот на учесници е ограничен.

При пријавување, во е-маил-от, назначете:

1. Име и презиме на учесник;

2. Позиција на која е вработен предложениот учесник;

3. Назив на винарија/угостителски објект; и

4. Зошто оваа обука ќе и користи на вашата винарија/ресторан.

Овие информации да се испратат на следниот е-маил: a.ambarkova@unido.org по што ќе следи одговор на Вашата апликација.

*Обуката е целосно финансиски покриена од Проектот, за максимум 15 учесници. Принципот е прв пријавен прв услужен, со предност за лицата од женски пол.
Општина Охрид преку Секторот за туризам и локален економски развој со заедничката имплементација на овој Проект, сака да даде свој придонес во подобрувањето квалитетот на услугите во туризмот и угостителството во Охрид.

За повеќе информации:
Општина Охрид
Сектор за туризам и локален економски развој
Антонио Балески
тел: 230 175; e-mail: antoniobaleski@ohridler.gov.mk