Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката, Радмила Шекеринска, денеска остварија средба со досегашниот известувач на Европскиот парламент за Македонија, Ричард Ховит.
Претседателот Заев се заблагодари за ангажманот на Ховит и поддршката за Република Македонија во процесот на евроинтеграции.
Во таа насока позитивно беше оценета досегашната соработка и се разменија мислења за понатамошно продолжување на комуникацијата, за теми кои се од интерес на Република Македонија.
Ховит посочи дека и понатаму ќе продолжи да ја поддржува Република Македонија како дел од групата на социјалисти и демократи во Европскиот парламент.