Кривични пријави за 78 лица и за пет правни лица за “фалс“ податоци наменети за субвенционирање

СВР Штип до ОЈО Штип поднесе кривична пријава против лицето М.А. (41) од Кочани, сопственик и управител на ДПТУ „БМФ“ ДОО Зрновци, како и против други 77 лица на возраст од 35 до 84 години и против пет физички лица поради постоење основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело „Фалсификување или уништување деловни книги“ (осомничениот М.А. и правното лице чиј што сопственик е), додека останатите 77 физички и четири правни лица секој засебно сториле по едно кривично дело „Фалсификување или уништивање деловни книги“.

Имено, според документираните сознанија од истрагата М.А. во периодот од средината на јуни до крајот на август минатат година, како сопственик и управител на ДПТУ БМФ ДОО Зрновци, во име на оваа фирма во повеќе наврати во потврдите за откупена или преработена оризова арпа внесувал невистинити податоци кои ги заверувал со свој потпис и печат. Пријавениот во потврдите внесувал количина за откупена оризова арпа поголема од стварно откупената количина која е констатирана од приемниците. Таквите потврди ги издавал на коминтентите, со што овозможил истите да аплицираат за поголем износ за субвенции од износот кој реално би го добиле.

Со потврдите кои им биле издадени од страна на ДПТУ БМФ ДОО Зрновци 77 физички и четири правни лица со намера да се стекнат со противправна имотна корист, иако знаеле дека се со невистинита содржина, ги искористиле истите при поднесување на барања за директни плаќања (субвенции ) од програмата за финансиска подршка во земјоделство за 2013 година во Агенција за финансиска подршка и рурален развој при Министерство за земјоделие шумарство и водостопанство.