„Поетска веселба во училишните клупи –средба со писателот Мирко Томовски“

Датумот 05. 12. 2014. година ќе биде спомен за учениците од вторите и петтите одделенија при ОУ „Григор Прличев“ –Охрид за незаборавното дружење со писателот Мирко Томовски. Учениците имаа прекрасна можност да се запознаат, да поразговараат и да ги слушнат неговите најнови поетски бисери за најмладите.

„Веселба во шумата“ се претвори во веселба во училишните клупи, бидејќи учениците го погледнаa и слушнаа видео записот на песничките „Срничка“ и „Благодарам“, чиј автор на текстот е Мирко Томовски и кои беа испеани на „Распеано рибарче“ 2013 и 2014 година, како и голем број други песни кои се објавени во неговата најнова книга.

Убавата атмосфера ја дополнија и учениците кои прочитааа и дел од своите лични творби, нивните први поетски почетоци. Поетот одговараше на нивните прашања, а најголем впечаток им остави неговата внука Ана, која е ученичка во нашето училиште и која е инспирација, но и најискрен критичар на неговите дела за деца.

Ваквите посети, го поттикнуваат интересот на учениците за книгата, ги поттикнуваат и самите да творат, особено позитивно се одразуваат на наставата по мајчин јазик и секако ја збогатуваат детската имагинација.

Рецитатори беа учениците членови на библиотекарската секција и членови на училишната библиотека: Антонела Трајкоска, Горан Кичеец, Ана Ефтимова, Ангела Ефтимова, Теодора Донеска, Мартина Аврамоска и Дона Трајкоска.