Индекси на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од страна на градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2014 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во споредба со податоците за третото тримесечје од 2013 година, се повисоки за 0.3%.

Во третото тримесечје од 2014 година, во споредба со второто тримесечје од 2014 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 0.7%, трошоците за материјали се пониски за 0.1%, а трошоците за вработените се повисоки за 2.7%.

Во третото тримесечје од 2014 година, во споредба со третото тримесечје од 2013 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 0.3%, трошоците за материјали се пониски за 0.8%, а трошоците за вработените се повисоки за 3.5%.