Честитка од градоначалникот Бакрачески по повод празникот Св.Климент Охридски

По повод големиот празник посветен на закрилникот на Македонскиот народ и патрон на МПЦ ОА и градот Охрид, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески до сите православни верници упати честитка во која се вели:

„Почитувани сограѓани, овој голем ден за Охрид и целиот Македонски народ, не потсетува на благодетта која овој голем светец и просветител ни ја оставил , како потврда за нашето непресушно универзално дело од кое се напојувале и многу други народи надвор од Македонија. Духот на Свети Климент и денес бдее над Охрид и ни го осветлува патот кон иднината. Големото, хумано и благородно дело на Свети Климент Охридски, не обврзува да чекориме по неговите патеки на искреноста и нашата вистинската сплотеност со Бога. Примете ги моите најискрени желби за добро здравје и благодет во Вашите семејства и домови. Да ни честит и вековит Свети Климент Охридски.“– стои во честитката.