Младите како носители на културата, традицијата и знаењето во општина Охрид

Општина Охрид организира промоција на проектот ,,Младите како носители на културата,традицијата и знаењето во Општина Охрид”, проект финансиран од Министерство за култура во областа на креативните индустрии.

На настанот ќе биде презентиран рачно изработен накит од бисер и филигран, добро спакована традиционална храна, рачно изработен бакар како и презентација на електронска брошура.

Промоцијата на успешно реализираниот проект ќе се одржи во петок 12.12.2014 година во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во 12:30 часот.