Туристичките потенцијали на Македонија претставени на интернационалниот саем за туризам во Измир, Турција

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од 4-ти до 7-пми декември 2014 година ја промовираше Македонија и македонскиот туристички производ на интернационалниот саем за туризам Tavel Turkey, Izmir 2014.

Саемот за туризам Travel Turkey, Izmir оваа година беше домаќин на околу 900 изложувачи од 34 различни земји и 30 000 посетители. Македонија успешно беше претставена како сериозен учесник во овој втор по важност саем во Турција. Посетителите покажаа голем интерес за туризмот во Македонија, посебно за културата и историјата на нашата земја. Беа остварени бизнис средби со поголеми тур оператори од Турција како : Cansu Varlik – Mika Tour, Emre Tunc – Pronto tour, Tolga Tekin – Jolly Tours, Deniz Taftaf – Shino Tour и други. Сите овие тур оператори веќе прават балкански тури во кои ја вклучуваат и Македонија, но беа заинтересирани и за тури само во Македонија како и за поддршката што ја нуди Агенцијата преку субвенионирање на тур оператори за организиран туристички промет во државава.

Свое учество на македонскиот штанд имаа и повеќе туристички агенции од Македонија кои на туристичките работници од Турција, Европа и светот им понудија квалитетни понуди и атрактивни туристички производи од Македонија. Според статистичките податоци бројот на турските туристи секоја година се зголемува, до ноември оваа година нивниот број изнесува 51.297 турски туристи и 77.564 ноќевања.

Македонскиот штанд беше посетен и од голем број новинари од областа на туризмот меѓу кој и Оzhan Yigitler. Оzhan Yigitler има своја туристичка емисија на национална телевизија во Турција и беше заинтересиран за промовирање на Македонија преку видео записи. Исто така штандот го посети и новинарот Deltef Rohlfs кој што ги промовира сите природни и уклтурни богатства на патот Via Ignatia.

Со саемот за туризам Travel Turkey, Izmir 2014 ја завршивме успешната година на промоција на Македонија на најзначајните интернационалните саеми за туризам низ светот.