Церемонија на свечено менување на државното знаме

Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме.

На церемонијата присуствуваа ученици од ООУ „Андреј Савевски Кикиш” од Тетово, и волонтери од Црвен Крст на РМ, по повод деновите одбележувани во овој месец: 3-ти декември – Меѓународен ден на лица со посебни потреби, и 5-ти декември – Меѓународен ден на волонтерите.

Промената на државното знаме на Република Македонија пред Кабинетот на Претседателот го изврши гардиската единица на Армијата на Република Македонија.

Церемонијата е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија, како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.