Две години WebOhrid – Две години 100% вистина!

Веќе растеме, зрееме, живееме и мудруваме, размислуваме преку прозорецот на Вистината и еве не денес полниме рамно 2 (две) години од првото објавување на WebOhrid. 12.12 датум кога со сосема скромни сили , но со голема љубов и со посветеност упорно и неуморно го отворивме нашиот прозорец на вистината, преку кој навистина направиме медиумски триумфален влез во интернетот македонски и светски…

Вие почитувани наши пријатели и веб-посетители, вие бевте и сте нашиот двигател, нашата сила која не храбри да продолжиме со исто и поцврсто темпо на патот на Вистината…

Денес, на овој ден сакаме да изразиме голема благодарност пред се, кон вас, почитувани наши, кон вас кои бевте и сте со нас постојано: не следите во чекор и во стил.

Ве повикуваме и покануваме да останете на оваа веб-страна секој ден и во иднина за да се информирате роднокрајно, регионално и секако светски да дознаете светски настани.

И не само да не читате, туку бидете и наши критичари: напишете нешто за да објавиме со ваша информација. 

12-ти Декември е наш заеднички ден, бидете со стил, со добра мисла и со добра намера. WebOhrid – вашиот објективен прозорец кон Вистината од денес ги отвора ширум и своите порти за да влезете и да се обидете да бидете наши први соработници за заедно да ја споделиме вистината!!!

WebOhrid