Ставрески: 2014-година е економски успешна година

Последните објавени статистички податоци за намалување на невработеноста и за растот на македонската економија, според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески даваат можност дефинитивно да се потврди дека 2014 е успешна година на економски план, пренесе.

„Невработеноста е намалена на историски најниско ниво од 27,9 проценти, а македонскиот БДП расте со стапка од 4,1 процент што е меѓу трите највисоки во Европам,“ изјави вицепремиерот Ставрески.

Според него во услови кога во европската економија има стагнација, ова е исклучително добар резултат и потврда дека економските политики се добро поставени. – Пред се, појасни, мислам на поддршката што македонското стопанство ја добива од Буџетот за реализација на крупни инфраструктурни проекти со што градежништвото и индустријата можеа да остварат добри економски резултати, како и поддршката од кредитната линија што ја обезбедивме со субвенционирана камата од 5,5 проценти од која средства користат стотици македонски фирми што им помогна да остварат добри резултати, пренесе МИА.

Министерот посочи дека ова е резултат и на ефектот од работењето на странските компании во слободните и индустриски зони и дека сето тоа се политики што долги години ги води Владата и кои даваат резултати и во делот на инвестициите и во делот на растот на индустријата и градежништвото и останатите области, но и во намалувањето на невработеноста како клучен приоритет на Владата.

„Останува, додадва, уште доста да се сработи и во тој дел и во следните години ќе настојуваме да продолжат ваквите позитивни движења. Да има дополнително намалување на невработеноста и да се задржи добриот тренд на раст на македонската економија,“ изјави вицепремиерот и мистер за финансии Зоран Ставрески.