ВМРО-ДПМНЕ: Конфузното соопштение на ВМРО-НП е уште еден доказ зошто оваа партија е на политичко дно

ВМРО-ДПМНЕ Охрид испрати реакција по повод соопштението на ВМРО-НП  Охрид, во која стои:

„Конфузното соопштение на ВМРО- НП, во кое на контрадикторен, односно нејасен начин се споменува името на ВМРО- ДПМНЕ е уште еден доказ зошто оваа партија е на политичкото дно. 

Очигледно членовите од ВНРО-НП не знаат што им се случува во родниот Охрид па затоа им укажуваме дека до сега постоечките тезги за продажба на честитки и новогодишни реквизити уште во теков на денешниов ден се заменуваат со нови дрвени, добро уредени и покриени.

ВМРО- ДПМНЕ со доаѓањето на локална власт измени многу работи. Почитувајќи ги законските правила и норми локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира многу проекти, се градат патишта ,тротоари. Се гради фекална и атмосферска канализација. Се градат плоштади, спортски терени и игралишта, се отвораат и реконструираат детски градинки и училишта. Дали овие проекти за ВМРО-НП се идентични со проектите кои буквално не постоеја во време кога во Охрид владееја други политички структури и кога буквално ништо добро не се правеше за Охрид и охриѓани.“- стои во реакцијата.