Остварени средби со жителите на неколку месни заедници

Градоначалникот Бакрачески, заедно со неговите соработници и директорите на Јавните претпријатија, синоќа оствари средби со жителите на неколку месни заедници. Според претходно утврдена агенда средби со жителите се остварија во село Куратица, Вапила – Ливоишта и Косел. Целта на ваквите средби е запознавање на градоначалникот со тековните проблеми кои ги имаат овие луѓе, како и слушање на идеи преку кои можат да се решат. Покрај изнаоѓањето на решенија за проблемите од ваквите средби произлегуваат голем број на идеи кои преку разни проекти ќе бидат реализирани исто како што во минатото се реализирани голем на ваквите идеи.

Овој начин на работа стана практика, а граѓаните со задоволство го прифаќаат и го поздравуваат ваквото непосредно комуницирање со Локалната власт.