HACCP системот е одамна востановена работа и наместо за него, веќе треба да збруваме за други, понапредни системи на контрола на храната што ги бараат странските пазари, истакна денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски. На завршната работилница „Интензивирање на имплементацијата на HACCP во угостителските објекти во Република Македонија” во Сојузот на стопански комори, Поповски подвлече дека сите компании го имаат имплементирано HACCP кој е законска обврска, но тоа не е доволно. Системот мора постојано да се одржува за што се неопходни вложувања, особено во човечки ресурси.
„Агенцијата за храна и ветеринарство редовно врши инспекциски контроли преку кои воедно даваме насоки и компаниите увидуваат дека треба да одат чекор напред, да го надоградуваат , но и да имплементираат други системи за квалитет и безбедност на храната зашто само така ќе можат успешно да ги пласираат своите производи дома и на странскиот пазар. Во спротивно, ќе тапкаат во место, конкуренцијата ќе ги надмине“, нагласи Поповски.
Проверките на терен покажуваат одредени недоследности во однос на HACCP-от и неговата примена. Зависно од прекрошкот, казните се различни и се движат околу 2.000 евра.
Бизнисот смета дека свесноста кај компаниите за имплементирањето на овој систем и неговото континуирано одржување е се поголема.