Министерството за труд и социјална политика и понатака продолжува со реализација на Проектот за користење услуга за бесплатен одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и корисници на посебен и детски додаток.
Согласно Програмата, правото на бесплатен одмор за време на зимскиот распуст за 2015 година имаат децата од семејствата во социјален ризик (корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, детски додаток или посебен додаток, и деца без родители и родителска грижа) кои се родени во периодот од 2000 година до 2004 година или деца кои се редовни ученици од петто до осмо одделение во учебната 2014/2015 година.
Услугата ќе се користи во текот на зимскиот распуст во некој од зимските туристички места.
Децата корисници на посебен додаток имаат право на придружник за време на одморот.
За таа цел се известуваат сите корисници на горе споменатите права кои имаат деца на школска возраст од петто до осмо одделение, да аплицираат за услугата зимување во просториите на ЈУМ Центар за социјална работа Охрид.