Прв историски меѓународен натпревар на македонската хокеј репрезентација

Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт се оддржа прес-конференција по повод одигрувањето на првиот историски меѓународен натпревар на македонската хокеј репрезентација.

На прес-конференцијата се обратија Директорот Марјан Спасески, претседателот на Хокеј Федерацијата на Македонија Никола Тасев и селекторот на македонската хокеј репрезентација Јуре Внук.

Спасески истакна дека престојниот викенд ќе бидеме сведоци на историски исчекор на Македонскиот хокеј на мраз, со одигрувањето на првиот официјален натпревар, како домаќин.

Претстојниот викенд ќе бидеме сведоци на историски исчекор на Македонскиот хокеј на мраз, бидејќи Македонската хокеј репрезентација ќе го одигра првиот официјален натпревар, како домаќин, во двомеч, во Сабота и Недела со бугарската хокејарска репрезентација.

Спасески исто така информираше и за поддршката што Агенцијата за млади и спорт во континуитет ја дава за Македонската хокеј федерација.

„Агенцијата за млади и спорт во континуитет дава поддршка на Македонската хокеј федерација, во насока на промоција на овој спорт и приближување до младите генерации. Имено, годинава за меѓународните активности на федерацијата, но и за организацијата на Меѓународниот хокеј турнир „Скопје 2014“ од буџетот на АМС беа издвоени 350.000 денари и додаде дека соработката ќе се продлабочи уште посериозно во наредниот период што следува. Ја користам приликата и да најавам дека соработката со Македонската хокеј федерација во следниот период дополнително ќе се продлабочи и зацврсти, особено во делот на реализација на заеднички проекти. Во насока на популаризација на овој спорт во нашата земја, следниот период во сите градови во државава каде се поставени или ќе се постават отворени лизгалишта, преку Спортскиот хокеарски караван ќе ги посетиме овие центри и претставниците на хокеј репрезентацијата ќе го презентираат овој спорт на младите. На ваков начин, се надевам дека ќе придобиеме многу млади луѓе да го засакаат овој спорт и професионално да почнат да спортуваат“. – заврши Спасески.

Претседателот на Хокеј Федерацијата Никола Тасев истакна дека неколку години се подготвувале за да дојде до овој чин.

„Веќе неколку години се подготвуваме за ова. Овој натпревар е круна на оваа година, после турнирот што се одржа во октомври. Играме против репрезентацијата на Бугарија У-20 со цел да видиме до каде сме и да се пријавиме во квалификациите за хокеј на мраз. Како што е познато ние досега игравме квалификации во ин-лајн хокеј, а ова се првите чекори кон квалификациите на мраз. Планирани се и пријателски натпревари за идната година со репрезентациите на Босна и Херцеговина и Турција“, – истакна првиот човек на македонскиот хокеј, Никола Тасев.

Селекторот Јуре Внук верува дека во Македонија има талент за хокеј и дека спортот може да расте.

„Како народ во Македонија има многу талент. Нашата репрезентација е мешавина на искуство и младост, која мислам може да се развива во позитивна насока. Од утрешниот натпревар не очекуваме многу во смисла на резултатот. Сакаме да видиме до каде сме во играта и организацијата. Заедно растеме и гледам големи можности за развој на овој спорт во Македонија“, – рече Словенецот.